Тажна вест: Замина маестро Џамбазов

Познатиот шоумен, Игор Џамбазов утринава ја извести македонската јавност дека починал неговиот татко, маестро Александар Џамбазов.
-Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој.
Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е познат македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.
Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство (Раденци во Словенија итн.). Добитник е на голем број (педесетина) стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.
Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Копаат ровови за гробници, полицијата секој ден…
Масовните гробници кои во последните неколку дена…
БОМБА од Украина: Порошенко се обидел да…
Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко се…
Кулеба се пофали: Пристигнува ново тешко оружје…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба…
Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…
Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…
САД не престанува: Нови санкции за две…
САД денеска воведоа санкции за две руски…