Тажна вест: Замина маестро Џамбазов

t

Познатиот шоумен, Игор Џамбазов утринава ја извести македонската јавност дека починал неговиот татко, маестро Александар Џамбазов.

-Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој.

Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е познат македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство (Раденци во Словенија итн.). Добитник е на голем број (педесетина) стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета: Половина од Американците мислат дека Украина…

Сè поголем дел од американските гласачи велат…

Јован Митрески од СДСМ ќе биде претседател…

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован…

Пендаровски: Двојното убиство го извлече занемарениот факт…

Сè почесто сме сведоци на националистички провокации…

Добри вести: Вработените во МВР денеска добиваат…

Денеска го исплаќаме надоместокот за годишен одмор…

Новиот аргентински претседател предупреди на „полоши“ времиња…

Во својот инаугуративен говор во неделата, Хавиер…