Тажна вест: Почина професорката Анета Бучковска

Од ФЕИТ денеска споделија тажна вест, починала професорката Анета Бучковска.
– Со голема тага Ве известаме дека почина нашата почитувана и драга професорка, д-р Aнета Бучковска. Посмртните останки ќе бидат изложени во капела на ден 12.12.2022 (понеделник) во 11:00 часот на Градските гробишта Бутел. Бог да ја прости, сочуство до најблиските а ФЕИТ во следниот период ќе организира комеморативна седница за која ќе бидете дополнително известени, соопштија од ФЕИТ.
Инаку, Бучковска е поранешна сопруга на поранешниот премиер Владо Бучковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Македонците најголем непријател е Бугарија, најдобар…
Односот на Европската унија (ЕУ) кон Македонија…