За Македонците најголем непријател е Бугарија, најдобар пријател Србија, а 65% сметаат дека ЕУ се однесува понижувачки кон нас

t

Односот на Европската унија (ЕУ) кон Македонија се влошува, Бугарија и е најголемиот непријател на земјата, а таа се движи во погрешна насока. Ова го сметаат најголем процент од граѓаните во анкетата на „Евротинк“ спроведена од агенцијата „Брима“ во периодот од 12 до 27 декември 2022 година, на репрезентативен примерок од 1.006 испитаници.

Освен движење на земјата во погрешна насока, што го сметаат 72 проценти од испитаниците, дури 61 процент од нив сметаат дека во земјава нема демократија, а зад нив не заостанува бројката на оние кои не веруваат во борбата на инстуциите со корупцијата.

Анкетата покажаува дека трета година по ред се намалува довербата на граѓаните во институциите. И оваа година најголема доверба се уште ужива Армијата на Република Македонија, но кај која падот на довербата за две години е дури 24 проценти.

Најниска доверба има во судството и обвинителството, со 6 и 7%.

На темата Македонија – ЕУ испитаниците се уште во најголем процент – 49, сметаат дека членството во Унијата би била добра работа, но тоа е дури 20 проценти помалку поддршка споредено со лани и најниска од 2014 година.

Граѓаните сметаат дека односот на ЕУ кон Македонија ( највисоки 65 проценти) е нефер, надмен и уценувачки.

Драстично опаднат е бројот и на оние кои сметаат дека во идните пет години би влегле во Унијата од 32 проценти 2021, на само 12 проценти во 2022 година, додека 29 проценти сметаат дека тоа никогаш нема да се случи.

Анкетата ја измерила и загриженоста на граѓаните дали некоја држава или меѓународна организација претставува закана за Македонија. Граѓаните за најголема закана ја сметаат Бугарија со 27,6 проценти, зад која е Русија со четири проценти, додека најголем пријател меѓу државите граѓаните ја сметаат Србија со 37 процнти, па САД со 11, 4 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…