Таравари: Неизбежно е да се одржат предвремени избори

t

Има разлика меѓу легитимитет и легалност. Оваа влада има легалност. Легитимитет е друга категорија. Според мене, неизбежно е некаде кон септември да се одржат предвремени избори, вели Арбен Таравари, генерален секретар на опозициската Алијанса за Албанците за Утрински брифинг.

Тој додава дека времето ќе покаже, а и анкетите велат дека СДСМ е брод што тоне оти внатре се случува раскол. Таравари вели дека ни на ДУИ не им одговараат предвремени парламентрни избори со оглед на тоа што во најголемите градови каде што живеат Албанци тие ги загубија локалните избори.

Во однос на барањето на помалите партии кои се дел од владиното мнозинство кои ѝ дадоа рок на новата влад до 15 април да го промени изборниот модел во една изборна единица, Таравари вели дека АА е за отворена изборна листа со осум изборни единици.

-Малите партии кои имаат 3-4 пратеници исто така ја условуваат владата, што може да предизвика криза. Ние начелно сме за отворени листи, но ставот наш е да има осум изборни единици. Нашиот аргумент за тоа е што постојат осум економски развојни региони во Македонија. Ако сакаме демократизација на општеството, тоа треба да почне во партиите и затоа треба да се оди со отворени гласачки листи. Подготвени сме да разговараме и да ги изнесеме своите аргументи. Но, се сомневам дека до следните избори ќе дојде до промени, вели Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Официјален албански јазик, непречена употреба на…

Демократската унија за интеграција им честита на…

Зошто Мицкоски ги брани избрканите од „Комуналец“,…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Закажани избори во Бугарија – СДСМ може…

Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска распиша предвремени…

Апасиев: Наместо да го затворат, СДС и…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го коментира…

Јане Ченто: Единствен излез од овој ќорсокак…

Брзи избори се единственото решение за ситуацијата…