ТАРАВАРИ ПОВИКА НА АЛБАНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ ВО БРВЕНИЦА: Во вториот круг нема партии – сите Албанци да застанат зад кандидатот на ДУИ

t

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, повика на обединување на албанскиот политички блок во Брвеница и поддршка за кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, во вториот круг од изборите за градоначалник.**

Според Таравари, во вториот круг партиските разлики треба да бидат ставени настрана, а сите Албанци да се обединат околу кандидатот на Националната алијанса за интеграција, предводена од ДУИ.

Таравари го поздрави изборниот резултат на Јахиј, оценувајќи го како значаен успех, а кандидатот го опиша како чесен и посветен човек кој ги почитува Албанците.

Ваквиот повик доаѓа по првиот изборен круг, во кој кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, освои најмногу гласови – 2.943, односно 38,90 проценти.

На второто место заврши Аркин Јахиј со 2.152 гласа или 28,45 проценти, додека кандидатот на ВЛЕН, Јакуп Хусеини, освои 1.528 гласа и остана надвор од трката за градоначалничката функција.

Особено интересно е што Хусеини, по објавувањето на резултатите, му го честитал пласманот во вториот круг на Јахиј, што дополнително го отвора прашањето дали гласачите на ВЛЕН ќе ја поддржат кандидатурата на ДУИ.

Повикот на Таравари добива дополнителна политичка тежина ако се има предвид дека тој претходно беше министер за здравство во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која учествуваше и ВЛЕН. Сега, пак, јавно застанува зад кандидатот на политичкиот блок предводен од ДУИ.

Со ова, изборната битка во Брвеница добива и поширока политичка димензија. Наместо исклучиво натпревар меѓу двајца кандидати за градоначалник, повикот на Таравари ја става во преден план етничката мобилизација на гласачите.

Сепак, останува неизвесно дали гласачите на ВЛЕН ќе го следат ваквиот повик или ќе гласаат според сопствените политички убедувања.

Во вториот круг силите ќе ги одмерат Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од коалицијата предводена од ДУИ, при што првопласираниот Радичевски влегува во завршната изборна пресметка со предност од 791 глас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТАРАВАРИ ПОВИКА НА АЛБАНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ ВО БРВЕНИЦА:…

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари,…

Страв од нова ескалација на Блискиот Исток:…

Безбедносните предупредувања за Блискиот Исток се засилуваат…

Катарски дипломат: Можеби сме во првата година…

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи,…

ВМРО-ДПМНЕ: И покрај новиот во низа дебакл…

ВМРО-ДПМНЕ смета дека и покрај демократските принципи…

Идниот месец се менува целиот систем на…

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека…