Таравари: Ќе го поддржиме Џафери за премиер

t

Ова е договор меѓу ДУИ и СДСМ од почетокот на мандатот. За нас тоа е симболика, секако ќе го поддржиме. Мислам дека секоја албанска партија, па и сите, треба да покажеме широкоградост во овие моменти и да продолжиме понатаму да имаме успешни избори, изјави Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците, прашан дали е прифатлива за неговата партија одлуката Талат Џафери да биде технички премиер сто дена пред изборите во 2024.

Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари одговори дека начелно имаат одлука од Централното претседателство на Алијанса за Албанците на парламентарните избори да настапат самостојно.

Но, овие прашања не се затворени. Централното претседателство на партијата е најзначајниот орган меѓу двата конгреса, таму ќе се одлучи дефинитивно, рече Таравари пред почетокот на панел-дискусијата  „Активирај се против насилство врз жените и девојките“ што денеска во Скопје ја организираше неговата партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНАМ смета дека ВЛЕН се полоши од…

Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија реагира на соопштението…

Ексклузивно – 3акани по жив0т кон пратениците…

Непознати лица преку меил им се заканувале…

ДУИ: Таравари ја остави Општина Гостивар со…

Ваљбон Лимани е избран за вршител на…

Костадиновска Стојчевска: Сè погазија, до пладне мандатарот…

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во…

Ахмети: Кој ќе го заборави минатото, ризикува…

За Али Ахмети, претседател на Демократската унија…