Таткото на Ѓоковиќ: Мојот син го држат во зapoбеништво, ова не е само бopба за Новак, oва е бopба за либералниот свет
Во изјава за Спутник, Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, изрази огорченост од третманот со кој се соочува Новак во Австралија, бидејќи не му било дозволено да ја помине граничната контрола по слетувањето на авионот.
Новак замина за Австралија, каде треба да настапи на Австралија опен, првиот Грен слем турнир сезонава, но на аеродромот се соочи со нов проблем.
Граничната полиција не му дозволи на Новак да ја помине контролата со образложение дека нема соодветна виза која овозможува работа на странски државјани во Австралија со медицинско ослободување од задолжителната вакцинација против корона вирусот.
Новак бил сместен во соба која ја чувала полиција, а агонијата на аеродромот трае со часови, потврдува Срѓан за Спутник.
„Немам поим што се случува, син ми го држат во заробеништво пет часа“, изјави Срѓан за Спутник.
Тој изјави дека треба да се алармира се за да биде ослободен Новак.
„Ова е борба за либералниот свет, ова не е само борба за Новак, туку борба за целиот свет“, рече Срѓан Ѓоковиќ.
Да потсетиме, Срѓан во интервју за Спутник зборуваше за тоа како светот што не припаѓа на англосаксонското наследство гледа на Новак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кралот Чарлс нема да се противи доколку…
Британскиот крал Чарлс Трети изјави дека нема…
Лидерите на САД, Индија, Јапонија и Австралија…
Американскиот претседател Џозеф Бајден и премиерите на…
Хорор: Поранешен воспитувач во градинка признал 307…
Поранешниот наставник во градинка Ешли Пол Грифит…
Австралија регистрираше рекордно висока зимска температура
Австралија денеска регистрираше рекордно висока зимска температура,…
Австралија ќе обезбеди рекорден пакет воена помош…
Австралиската влада ќе и го обезбеди на…