Ташев за блокадите на македонските камионџии: „Станете бугарски државјани за да немате проблеми“
Бугарскиот професор и историчар Спас Ташев се огласи во врска со протестите и блокадите на граничните премини за товарниот сообраќај, кои во изминатите денови ги организираат македонските превозници заедно со дел од превозниците од регионот на Западен Балкан. Повод за протестите се новите правила за електронска евиденција на престој во Шенген-зоната, кои се применуваат од април годинава и се поврзани со ограничувањето од 90 дена престој во период од 180 дена за државјани на земји кои не се членки на Европската Унија.
Во својата јавна објава, Ташев изнесе став дека актуелната состојба е последица на политичките одлуки во земјата и смета дека протестите не можат да донесат брзо решение. Тој посочи дека дел од возачите од Северна Македонија веќе поседуваат бугарско државјанство, што, според него, им овозможува непречено работење и влез во земјите од Европската Унија. Ташев нагласи дека стекнувањето државјанство на земја членка на ЕУ за одредени поединци може да претставува практично решение во услови кога, како што оценува, процесот на европска интеграција на Северна Македонија се одвива бавно и без јасна временска рамка.
Истовремено, тој спомена дека размислува и за пошироки иницијативи кои би можеле да помогнат на граѓаните, но без да навлегува во детали. Во меѓувреме, блокадите на товарниот сообраќај на граничните премини продолжуваат и денеска. Превозниците бараат институционално решение и усогласување на правилата, со цел да се избегнат дополнителни економски загуби и проблеми во меѓународниот транспорт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ташев за блокадите на македонските камионџии: „Станете…
Бугарскиот професор и историчар Спас Ташев се…
Протест пред УЈП во Тетово, се бара…
Пред Регионалната дирекција на Управата за јавни…
Џамбаски контра Вучиќ: „Дрскиот шумадиец се бори…
Поранешниот европратеник и еден од копретседателите на…
Мицкоски за утрешниот протест на синдикалците: Секој…
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги…
Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни…
Во три сообраќајни несреќи, тешко повредени се…