Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи
Во три сообраќајни несреќи, тешко повредени се тројца пешаци. Сообраќајните несреќи се случиj на територија на Скопје, Куманово и Битола, информираа од Министерството за внатрешни работи.
На крстосница од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски Одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген фокс“ управувано од З.А., на возраст од 60 години од главниот град на државава, удри во пешакот Б.К., 59-годишна скопјанка. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здоби Б.К., констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ – Скопје.
На улицата „Смилевски конгрес“ во Битола, мотоцикл удри во пешакот С.Д., 76-годишна битолчанка и го напушти местото на настанот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здоби С.Д., констатирани во болницата во Битола.
На улицата „Народна револуција“ во Куманово, патничко возило „даеву тико“ управувано од М.Ј., на возраст од 23 години од овој град, удри во С.К., 67-годишна сограѓанка. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здоби С.К., констатирани во Општа болница – Куманово.
Извршени e увид од увидни екипи на секторите за внатрешни работи – Скопје, Куманово, Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко си го тепал малото дете, мајката…
На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…
Раперот Дон Џони, кој сними спот во…
Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…
Маж приведен на ГП „Блаце“
На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…
Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец
Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…
Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа
Македонија се најде меѓу европските пазари со…