Објавено на:

Тајмс оф Израел: Иран го напаѓа Израел со дронови, израелските сили се во целосна борбена готовност!

t

Иран лансираше десетици беспилотни летала камикази кон Израел, пренесува National Independent.

Нешто претходно претставникот на израелската армија Даниел Хагари објави дека израелските одбранбени и нападни системи се во состојба на целосна борбена готовност, како и дека веќе се подигнати десетици борбени авиони.
Тој најави и нови ограничувања на цивилните собири, поради можноста од ирански напад врз Израел. Насоките на Командата за домашен фронт забрануваат образовни активности низ целата земја и ги ограничуваат собирите на 1.000 луѓе, додека некои области, како што се границите со Газа и Либан, веќе имаат построги ограничувања за собири.


Иако повеќето образовни институции во моментов се затворени за празникот Пасха, Хагари рече дека ограничувањата се однесуваат и на училишните патувања и кампови и ќе бидат во сила до понеделник во 23 часот, пишува „Тајмс оф Израел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…

Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…

Нетанјаху објави листа: За ова не може…

Додека израелскиот тим се подготвува да отпатува…

Израелските тенкови влегоа во Газа!

Израелските сили рано утрото го нападнаа градот…

Нетанјаху: Подготвен сум да трпам лични напади…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја објасни…

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИРАН: Најмалку 4 лица…

Најмалку четири лица загинаа, а 120 се…