ТВ Алфа доби нов одговорен уредник

t

Никола Крстиќ е нов одговорен уредник на ТВ Алфа. Тој на оваа позиција доаѓа после двегодишен ангажман во Гласот на Америка. Крстиќ најавува надградба на досега сработеното.

-Гледачите судат за нашата работа. Токму затоа довербата што веќе ја имаме од нив останува наш приоритет. Уверен сум дека со подновен и подмладен тим кој во моментов се проширува ќе можеме да одговориме на сите предизвици – изјави Крстиќ.

Крстиќ има 15 годишно новинарско, пред сѐ телевизиско искуство. Кариерата ја започнал во А1, а потоа ја продолжил во Канал 5 Плус, Македонската Телевизија и во Алфа. Оттаму заминал во Вашингтон каде две години работел како новинар, презентер и главен продуцент за македонската редакција на Гласот на Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случај „Алфа“: Кривичен го одби барањето на…

Кривичниот суд Скопје го одби барањето на…

Касами: Ќе се разгледуваат случаите „Алфа“ и…

Запрашан за случајот „Алфа“ и случајот „Монструм“,…

Ковачевски се пазари со завршени судски случаи…

Ковачевски се пазари со завршени судски случаи…

ТВ Алфа доби нов одговорен уредник

Никола Крстиќ е нов одговорен уредник на…