Ковачевски се пазари со завршени судски случаи за да остане на власт: Се бара меѓународен мониторинг за е „Монструм“, „Диво насеље“, „Малиот Алмир“ и „Алфа“

t

Ковачевски се пазари со завршени судски случаи за да остане на власт, велат од политичката партија Левица.

– Минатата недела, Димитар Ковачевски најави дека конечно ќе се побара меѓународен мониторинг на случаите „Монструм“, „Диво насеље“, „Малиот Алмир“ и „Алфа“.

Мониторинг над овие случаи беа дел од договорот што Алтернатива го постигна со поранешниот премиер Зоран Заев, кога тие решија да станат дел од Владата.

Пазарот кој го прави Ковачевски по секоја цена за да остане на власт, ќе вклучува и мониторинг од Европската комисија за селективни судски случаи кои се веќе завршени и има правосилни судски пресуди. Со ваквиот потег, Ковачевски не само што потврдува дека сѐ би направил да остане на власт, туку и се доведува во прашање независниот правосуден систем во Македонија, во кој доверба имаат само 7% од населението. Дополнително, ваквиот политички пазар директно го нарушува владеењето на правото, како темелна вредност која е утврдена со Уставот.

Судството како независен постулат не смее да се стави во подредена позиција на странски фактори кои ќе вршат влијание на нашето правосудство. Во Законот за кривична постапка, Законот за парнична постапка, како и други процесни закони, јасно е предвидено под кои услови може да има повторување на постапката за одреден предмет или кој суд е надлежен за укинување на одредена пресуда.

Политичката манипулација со судски предмети, која ја започна Заев со случајот Смилковско езеро, ја продолжува Ковачевски во надградена и проширена верзија. Јасно е дека во услови кога владиното мнозинство е нестабилно, Ковачевски е подготвен да ги прифати сите штетни барања, само за да остане на власт. – реагираат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…

Левица бараше една изборна единица и укинување…

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…