Температурите ќе паднат: Од среда ќе здивнеме
Опаѓање на дневните температури во претстојната работна седмица, со позначителен пад од среда, прогнозира Управата за метеоролошки работи.
Утре ќе се задржи сончево и топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
-Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Позначителен пад на температура ќе има од среда, соопшти УХМР.
Максималната температура утре ќе достигне 39 степени, во вторник 38, среда 37, во четврток 36 и во петок 34 степени, а в сабота повторно ќе се зголеми на 36 степени. Во четврток и петок понизок ќе биде УВ-индексот и ќе има вредност 7, а во останатите денови од работната седмица ултравиолетовото зрачење ќе има вредност 8
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕ РАСПАЃА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?…
Договорот за испорака на руски дизел во…
Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно…
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…
„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…
Со едноминутно молчење во знак на почит…