Тензично: Поради “опасни нивоа на верска нетолеранција и омраза во Европа“ Турција препорачува да не се патува во европските земји и САД
Турција издаде предупредување за патување во европските земји поради „засилени антиисламски, ксенофобични и расистички акти“, јавува Anadolu Agency.
Анкара, исто така, издаде предупредување за патување во Соединетите држави, пренесе АФП. Постапките на Турција се чини дека се одговор на слични предупредувања од западните сили за Турција.
САД и големите европски земји ги советуваа своите граѓани да не присуствуваат на масовни настани и да ги избегнуваат туристичките жаришта во Турција.
Нивните предупредувања дојдоа во време на нагло зголемување на дипломатските тензии поради одбивањето на Турција да им дозволи на Шведска и Финска да се приклучат на НАТО.
Анкара неодамна беше огорчена од антиисламските протести на екстремно десничарски екстремист кому му беше дозволено да го запали Куранот пред турските амбасади во Стокхолм и Копенхаген.
Првиот совет за патување на турското Министерство за надворешни работи предупреди на „опасни нивоа на верска нетолеранција и омраза во Европа“.
Во посебно соопштение се вели дека има „неодамнешни вербални и физички напади врз странци и акти на расизам што се случиле на територијата на Соединетите Држави“.
Минатата година Финска и Шведска прекинаа со децениското воено неврзување и поднесоа барање за влез во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина.
Апликациите за влез во НАТО мора да бидат одобрени од сите 30 членки на Алијансата.
Турција и Унгарија се единствените членки кои не ги ратификуваа двете апликации преку парламентарно гласање.
Се очекува Унгарија да ги ратификува двете барања следниот месец.
Но, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оди на претседателските избори на 14 мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Гренланд ќе биде првата линија на…
Военото присуство на САД на Гренланд ќе…
Трамп: Америка се врати и ѝ оди…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пред Генералното…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…
Иран само во септември заработил повеќе од…
Приходите на Иран од продажба на нафта…
Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…