Тетовските изборни одбори работеле за џабе: Општината заглавена во 12 милиони денари долг

t

Иако поминаа повеќе од три месеци, сé уште не примиле надоместок за извршената работа 1.170 лица кои биле членови на Избирачките одбори и членови на Општинската изборна комисија од Општина Тетово на Локалните избори во октомври 2021. Жиро-сметката на Општина Тетово поради доспеани долгови е блокирана и не може да се врши исплата на над 12 милиони денари, колку што треба да даде Општината за спроведувањето на изборниот процес.

„Точно е дека парите на членовите на избирачките одбори и на Општинската изборна комисија за одржаните локални избори во октомври минатата година се уште не сé исплатени. Како Општинска изборна комисија (ОИК) се обративме до Државната изборна комисија (ДИК), бидејќи Општина Тетово има блокирана жиро сметка и не може да врши исплата на членови на Избирачките одбори и на ОИК. ДИК нашето барање го доставила до Министерството за финансии и очекуваме од Министерството да се пуштат средства на нашата потсметка која ја имаме како Општинска изборна комисија. Веруваме дека тие средства ќе ги пуштат за да можеме веднаш да ги исплатиме. Барам членовите на Избирачките одбори да имаат трпение, исплатата мора да се изврши бидејќи тоа е законски регулирано. Општина Тетово на овие 1.170 членови на Избирачките одбори, за првиот круг гласање и за вториот круг за избор на градоначалник треба да им исплати 12,2 милиони денари“, изјави Назми Даути, секретар на ОИК за Општина Тетово.

Комисијата барањето за исплата го испратила до ДИК уште во декември 2021, а ДИК го препратила до Министерството за финансии. Според Даути, можно е да настане проблем со исплатата поради тоа што во буџетот за 2022 не се предвидени пари за исплата на изборни дејствија, но можно е тие да се обезбедат со ребаланс на буџетот кога тој ќе се направи или евентуално Министерството за финансии да најде некој друг начин да ги исплати овие сретства. – Пишува З. Андонов за сакамдакажам мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Во голем дел од тетовско утре ќе…

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…

Тетовските медицински сестри три месеци без плата…

Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…