Тетовчанец долго ја малтретирал сопругата и ѝ се заканувал со пиштол

t

Тетовчанец е уапсен по пријава од неговата сопруга дека долго време физички ја малтретирал и ѝ се заканувал со огнено оружје, соопштија од тетовската полиција.

„На 23.11.2026 во 16:50 часот во СВР Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Г.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна жена, дека подолг период и физички ја малтретирал и ѝ упатил закани со огнено оружје. А.Г. е задржан во полициската станица и со потврда биле одземени ловечка пушка, пиштол со рамка и куршуми и дозвола за поседување оружје“ соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовчанец долго ја малтретирал сопругата и ѝ…

Тетовчанец е уапсен по пријава од неговата…

Малолетници предизвикале пожар во напуштен објект во…

За двајца малолетници од Ресен постои сомнеж…

Таткото на бебето со исечен прст ја…

Таткото на новороденчето кое се здоби со…

Поднесено обвинение за насилникот од Битола кој…

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог…

Приведени две малолетнички во Центар, нападнале девојче…

Полицијата приведе две малолетнички во Центар. Тие…