Објавено на:

Техеран ја обвини Украина за смртоносен напад врз ирански брод

t

Иранското Министерство за надворешни работи ја обвини Украина за напад врз ирански трговски брод во Каспиското Езеро, при што, според Техеран, загинал еден член на екипажот, а уште еден бил повреден.

Иранските власти инцидентот го оценија како чин на агресија и порачаа дека ќе ги преземат сите неопходни мерки за заштита на националните интереси и безбедноста на земјата.

Државните медиуми во Иран објавија дека украински дипломат бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи. Засега нема официјален коментар од украинска страна.

Нападот дополнително ги заостри односите меѓу двете земји. Украина во текот на војната со Русија се соочува со напади со беспилотни летала од иранско производство, кои ги користи Москва, а воедно со земјите од Блискиот Исток ги споделува своите искуства во нивното пресретнување.

Каспиското Езеро има големо стратешко значење за Русија и Иран, кои се меѓу петте држави што излегуваат на него. Русија таму располага со силно воено поморско присуство, а ова подрачје претставува важна врска меѓу Москва и Техеран.

Обвинувањата од Техеран доаѓаат во период кога украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија му доставува на Иран сателитски снимки за да му овозможи попрецизни напади на Блискиот Исток.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Зеленски наведе дека Украина постигнала значајни резултати со далекудометни напади во Каспиското Езеро, вклучително и врз бродови за кои тврди дека биле користени за транспорт на воен товар поврзан со Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Техеран ја обвини Украина за смртоносен напад…

Иранското Министерство за надворешни работи ја обвини…

Ѓорѓиевски: Нека живее Скопје – градот на…

Скопје се сеќава… На денешен ден, пред…

Уапсен маж во Атина со рачна бомба,…

Полициските власти во Атина уапсија маж кај…

Денес сончево и топло со температура до…

Времето денес во Македонија ќе биде претежно…

Сомнителен инцидент во САД: Тела на шест…

Осум лица, меѓу кои шест деца, беа…