Уапсен маж во Атина со рачна бомба, осомничен дека подготвувал напад врз судија
Полициските власти во Атина уапсија маж кај кого била пронајдена рачна бомба, откако припадници на Одделот за борба против организираниот криминал спровеле акција по претходна истрага, објави Екатимерини.
Според грчката државна телевизија ЕРТ, осомничениот извесно време бил под полициски надзор, бидејќи постоеле индиции дека подготвувал напад. Наводно, добил задача да ја нападне куќата на судски функционер, но властите не го откриваат неговиот идентитет ниту локацијата на објектот.
Полицијата интервенирала пред да биде извршен нападот и го привела осомничениот во домот на негов соработник во јужниот дел на Атина, каде што, според истрагата, ја презел рачната бомба.
При акцијата, припадниците на Одделот за борба против организираниот криминал ја заплениле експлозивната направа и го привеле осомничениот.
Грчките власти засега не соопштуваат дополнителни информации за истрагата, ниту за можниот мотив зад наводниот план за напад. објави Скопје1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Вучиќ чека во ред за да…
Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…
Хакиран телефонот на зетот на Трамп: Кушнер…
Телефонот на Џаред Кушнер, зетот на американскиот…
Хамнеи бара воена отштета од САД и…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…
(Видео) Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и…
Конечна потврда за тоа кој е најголемиот…
Бугарија избира претседател, близу 6,6 милиони граѓани…
Бугарија денес избира претседател. Право на глас…