Тешка несреќа кај Бигорскиот манастир – МВР со детали
Германски државјанин се здобил со тешки телесни повреди откако со мотоцикл излетал од коловозот на патниот правец Маврово – Дебар, во близина на Бигорскиот манастир.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа била пријавена вчера околу 10:30 часот во СВР Тетово.
Несреќата се случила на делницата меѓу Маврово и Дебар, кога 55-годишниот германски државјанин К.Б., управувајќи мотоцикл со германски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што му била укажана лекарска помош.
На местото на настанот увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, која работи на утврдување на сите околности под кои се случила сообраќајната несреќа.
Од полицијата засега не соопштуваат дополнителни информации за причините што довеле до излетувањето на мотоциклот од патот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка несреќа кај Бигорскиот манастир – МВР…
Германски државјанин се здобил со тешки телесни…
Седум лица, меѓу кои и двајца малолетници…
Седум лица, меѓу кои и двајца малолетници…
Милановиќ ја напаѓа ЕУ: Тие беа десна…
Претседателот Зоран Милановиќ, на одбележувањето на Денот…
Ребалансот на буџетот утре на владина седница,…
„Она што во овој момент можам да…
Само плата веќе не привлекува вработени –…
Во Словенија, некои работодавци сега се враќаат…