Тешка сообраќајна несреќа на „Партизански одреди“ во Скопје, повреден 62-годишен возач

t

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, при што 62-годишен возач се здобил со тешки телесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 14 август 2026 година во 10:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (39) од селото Шишево, скопско, и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А. (62) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.А., а повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…