Тие не заслужиле да се изнајми приватен авион? Мицкоски вели дека владиниот авион ќе ги евакуира македонските државјани од Израел

t

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион ќе биде ангажиран во евакуацијата на неколку македонски граѓани во Израел.

„Секодјевно сум во комуникација со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и се прави план за евакуација на заробени македонски граѓани. Ќе биде ангажиран и владиниот авион да бидат пренесени во некоја од соседните земји, најверојатно во Египет. Во моментов се девет граѓани, и очекувам до утре да заврши евакуацијата“, рече Мицкоски.

Инаку владинито авион има капацитет од шест лица, плус пилот и копилот. Според последните информации евакуација од Израел бараат 22 македонски државјани, што би значело дека авионот треба да лета четири пати за да ги донесе сите македонски државјани.

Инаку Мицкоски претходно изнајми приватен авион за владина делегација да лета до Будимпешта, па истото можеше да го направи и за македонските државјани кои сее во Израел, со што најпрво ќе се заштедеше на време и луѓето ќе бидат евакуирани брзо и безбедно наместо на четири тури, а дополнително веројатно ќе се заштедат и пари бидејќи во овој случај владиниот авион треба да лета четири пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тие не заслужиле да се изнајми приватен…

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…

Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…

Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…