ТикТок не работи – пријавени проблеми со популарната социјална мрежа
Популарната социјална мрежа ТикТок се соочува со проблеми во функционирањето, поради што дел од корисниците имаат потешкотии со пристапот до платформата и користењето на нејзините услуги.
Според податоците на Downdetector, платформата која ги следи прекините на интернет-сервисите, повеќе од 25.000 корисници во САД и над 11.000 во Велика Британија пријавиле проблеми со функционирањето на ТикТок. Проблеми се регистрирани и во други европски земји.
Корисниците пријавуваат дека видеосодржините не се вчитуваат, пребарувањето не функционира, профилите се прикажуваат без објави, а одредени видеа се означени како недостапни.
Прекинот ги погодува корисниците на оперативните системи Андроид и iOS, како и оние кои пристапуваат до платформата преку интернет-пребарувач.
Голем број корисници се огласија на социјалната мрежа Икс, каде што споделуваат информации за проблемите со апликацијата.
Инцидентот доаѓа по серијата прекини во функционирањето на други дигитални сервиси во изминатите недели. Сепак, засега нема докази дека овие инциденти се меѓусебно поврзани или дека станува збор за кибернапад.
Од ТикТок сè уште нема официјално објаснување за причините за прекинот, ниту потврда кога услугите целосно ќе бидат нормализирани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТикТок не работи – пријавени проблеми со…
Популарната социјална мрежа ТикТок се соочува со…
Џонсон: Да испратиме европски војници во Украина…
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон повика европски…
Хакери наводно извршиле пробив во системите на…
Се појавија информации за наводен хакерски напад…
Цените на нафтата на најниските нивоа во…
Цените на нафтата утринава паднаа втор ден…
(Видео) Руте повика на цивилна подготвеност во…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги…