„Тинекс“ со нов сопственик по повеќе од 30 години: Преминува во рацете на „Проекс интернационал“ од Приштина
По повеќе од три децении под домашна сопственост, малопродажниот синџир „Тинекс“ влегува во нова фаза. Од петокот, сопственик на малопродажниот бизнис е косовската компанија „Проекс интернационал“ од Приштина.
Преземањето се реализира преку новоформираното друштво „Тинекс маркет“, преку кое ќе продолжи работењето на супермаркетите што досега беа дел од „Тинекс-МТ“.
Со промената на сопственичката структура доаѓа и до промена на управувањето. За нов управител на „Тинекс маркет“ е назначен Лиридон Бериша од Косово, кој ја презема функцијата од Кристина Тодоровиќ-Николиќ.
Трансакцијата претходно ја доби согласноста од Комисијата за заштита на конкуренцијата. На 25 август Комисијата ја одобри концентрацијата со која „Проекс интернационал“ стекнува контрола врз „Тинекс маркет“ ДООЕЛ, Скопје.
Во преземањето е опфатен досегашниот супермаркетски бизнис на „Тинекс-МТ“, односно работењето под брендовите „Тинекс“, „СуперТинекс“, „Тинекс деликатес“, „Конто“ и „Спот“.
„Проекс интернационал“ е компанија со седиште во Приштина, чија основна дејност е малопродажба во неспецијализирани продавници, со главен фокус на храна, пијалаци и тутунски производи.
Компанијата е дел од „Проекс група“, која, покрај малопродажбата, се занимава со увоз и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, управување со супермаркети и логистика, како и со трговија, складирање и дистрибуција на нафтени деривати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Тинекс“ со нов сопственик по повеќе од…
По повеќе од три децении под домашна…
Црна прогноза за Волстрит: S&P 500 може…
Една од најпесимистичките прогнози за американската берза…
ВМРО ДПМНЕ: Филипче е против корупција само…
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ/Интегрално: Случајот со Славјанка…
Естонија ги преместува војниците поблиску до руската…
Естонија преместува клучна бригада од градот Тапа…
Ирански генерал: Веќе нема американски бродови во…
Иранскиот бригаден генерал Али Фадави, шеф на…