Тинејџерот од Водно бил повикан во полициска станица за спуштањето со велосипед
Малолетниот велосипедист кој беше дел од жестоката расправија со рекреативен планинар на Водно бил повикан во полициска станица заедно со негов родител и писмено предупреден, потврди МВР за „Скопје1“.
„Во врска со пријавата за управување велосипед по патеките на Водно каде пешачат поголем број на граѓани, Ве известуваме дека од страна на полициски службеници од Полициска станица Карпош повикан е малолетникот што го управувал велосипедот заедно со неговиот родител при што истиот е писмено предупреден“, велат од МВР за „Скопје1“.
Инцидентот предизвика големо внимание на социјалните мрежи откако велосипедистот сам објави видео од расправијата.
На снимката се гледа како планинар му забележува дека се движи со велосипед по патека каде има пешаци, деца и рекреативци, тврдејќи дека со тоа ја загрозува нивната безбедност. Во еден момент, по расправијата, била повикана и полиција.
Велосипедистот, пак, тврдеше дека на патеката немало знак дека е забрането движење за велосипеди и дека возел со прилагодена брзина.
Планинарот инсистираше дека патеката не е наменета за велосипедисти и посочи дека негова роднина претходно била тешко повредена во слична ситуација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџерот од Водно бил повикан во полициска…
Малолетниот велосипедист кој беше дел од жестоката…
Физички ја нападнал партнерката и ѝ се…
Скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот партнер…
Ја удрил со тротинет и избегал: Жената…
Вчера во 14:45 часот во СВР Скопје…
Велешанец излегол на викенд од затвор, полицијата…
Велешката полиција привела затвореник, кај кого нашла…
Приведени седум странски државјанки, нелегално работеле како…
Полицијата привела седум странски државјанки во ноќен…