Тинејџерот од Водно бил повикан во полициска станица за спуштањето со велосипед
Малолетниот велосипедист кој беше дел од жестоката расправија со рекреативен планинар на Водно бил повикан во полициска станица заедно со негов родител и писмено предупреден, потврди МВР за „Скопје1“.
„Во врска со пријавата за управување велосипед по патеките на Водно каде пешачат поголем број на граѓани, Ве известуваме дека од страна на полициски службеници од Полициска станица Карпош повикан е малолетникот што го управувал велосипедот заедно со неговиот родител при што истиот е писмено предупреден“, велат од МВР за „Скопје1“.
Инцидентот предизвика големо внимание на социјалните мрежи откако велосипедистот сам објави видео од расправијата.
На снимката се гледа како планинар му забележува дека се движи со велосипед по патека каде има пешаци, деца и рекреативци, тврдејќи дека со тоа ја загрозува нивната безбедност. Во еден момент, по расправијата, била повикана и полиција.
Велосипедистот, пак, тврдеше дека на патеката немало знак дека е забрането движење за велосипеди и дека возел со прилагодена брзина.
Планинарот инсистираше дека патеката не е наменета за велосипедисти и посочи дека негова роднина претходно била тешко повредена во слична ситуација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…