Топаана: Малолетничка му го одзела ножот и го нападнала соседот откако тој ја ранил нејзината мајка

Крвава пресметка на соседи во скопска Топаана.
– На 18.01.2022 во 22.15 часот било пријавено дека во нас.Топаана, додека М.С.(47) од Скопје бил во неговиот дом со семејството, дошол соседот Н.И.(46) од Скопје и започнал вербална расправија, која прераснала во меѓусебна физичка пресметка. Малку подоцна во дворот Н.И. со остар предмет ја повредил С.Д.(46), сопруга на М.С., а нивната малолетна ќерка му го одзела остриот предмет и со него го нападнала Н.И.. Со повреди се здобиле С.Д. и Н.И., по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охрдски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Се работи на расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лазаров: Цел ден размислувам за Јана. Во…
Во текот на целиот ден размислувам за…
Филмско апсење во Катланово – Имало и…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
Обвинение за учителката: Тројца обвинети за илегална…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
Македонија ќе и даде на Украина 12…
На следната седница на Владата, која треба…
Пад на акциите на Дојче банка за…
Цената на Дојче банк, најголемата германска банка,…