Тошковски за „шпионската афера“ во кабинетот на претседателката: ОЈО ГОКК не смееше да споделува информации со јавноста во оваа фаза
Навистина сум изненаден од начинот на кој се споделуваат одредени информации во јавноста.
Ова е одговорот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прашањето за известувањето од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за непостапување, односно доцнење во постапувањето од МВР во предистрагата за шпионажа од вработени во кабинетот на претседателката на државата.
Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, Тошковски рече дека предистрагата е постапка што подразбира тајност.
Тошковски: Ја разбирам потребата и Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и сите останати органи да бидат транспарентни, но во секој случај морам да потенцирам дека предистрага е постапка што сама по себе подразбира тајност во рамки на постапувањето, сѐ со цел да нема повреди на одредени начела во правото дефинирани согласно Устав и закон. И навистина сум малку, вака, изненаден од детали што беа споделени во јавноста, особено од страна на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
360°: Ако се погледне временската оска, постапувањето е по пријава од Министерството за внатрешни работи, од една од организационите единици, од крајот на минатата година, за настан во ноември. Сега сме мај. Укажувањата од ОЈО ГОКК за МВР се повеќе за временската димензија во овој случај.
Тошковски: Видете, ова второво што го потенциравте, пак, е посебно сомнително. Зошто? Заради тоа што ние говориме овдека за период од три месеци, како што кажува обвинителството, односно период од два месеци, како што е согласно последната наредба што е дадена, период кој е, слободно можам да кажам, прекраток за соодветните дејствија што треба да бидат процесуирани од Министерството за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски за „шпионската афера“ во кабинетот на…
Навистина сум изненаден од начинот на кој…
Може ли иницијативата на Мерц да го…
Нон пејперот на германскиот канцелар Мерц за…
Скопје со црн биланс: Повеќе од пет…
Скопје за само еден ден заврши со…
Брнабиќ ги прати незадоволните Срби во Хрватска,…
Брнабиќ ги прати незадоволните Срби во Хрватска…
Трамп: Договорот со Иран ќе биде одличен,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…