Тошковски: Нема да дозволиме инциденти за Денот на албанското знаме, полицијата е подготвена
Министерството за внатрешни работи ќе преземе максимални мерки за одржување на јавниот ред и мир и заштита на безбедноста на граѓаните за време на прославувањето на Денот на албанското знаме. Ова го порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој им го честиташе празникот на граѓаните од албанската заедница и повика прославата да помине во мирна и семејна атмосфера.
Одговарајќи на новинарско прашање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, Тошковски рече дека полицијата е подготвена да одговори на сите предизвици, особено по информациите и објавите на социјалните мрежи за можни инциденти за време на празнувањето.
„Сакам прв да им го честитам Денот на албанското знаме на нашите сограѓани. Нека е за убаво, нека е за арно. Би сакал да им порачам да имаат убав ден, весел ден, да го поминат со своите најблиски и своите фамилии“, порача Тошковски.
Тој нагласи дека МВР нема да дозволи нарушување на јавниот ред и мир, ниту загрозување на безбедноста во сообраќајот, потсетувајќи дека и за време на претходни прослави имало инциденти.
„Нема да дозволиме нарушување на сообраќајот и нарушување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Би ги замолил сите оние коишто ќе сакаат да си го прослават денот, да го направат тоа согласно сите пропишани протоколи, во рамки на една нормална, семејна, убава атмосфера со своите најблиски, па и со оние коишто сметаат дека треба да го прослават“, истакна министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…
Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…