Тошковски: Од вчера „Сејф Сити“ почна да казнува и мотори
Системот „Безбеден град“ од вчера почнал автоматски да ги детектира и мотоциклите кои се движат со брзина поголема од дозволената, а првите бројки за казнети моторџии се очекуваат до крајот на денот, вели Минситерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Тема на Денот на ТВ Сител.
Тој информираше дека е пронајдено техничко решение со кое прекршоците што ги прават мотоциклистите можат автоматски да бидат регистрирани на територијата каде што е имплементиран системот.
„Нека не се изненадат оние кои глумат дека се моторџии и не ги почитуваат правилата, дека ќе бидат предмет на санкционирање од страна на системот ‘Безбеден град’“, порача Тошковски.
Како што беше објаснето, целта на мерката е пред сè заштита на самите мотоциклисти, но и на останатите совесни учесници во сообраќајот.
Засега автоматското санкционирање кај мотоциклите се однесува на прекршоците за возење со недозволена брзина.
Надлежните очекуваат уште денес да ги имаат првите официјални податоци за бројот на мотоциклисти кои биле регистрирани и санкционирани преку „Безбеден град“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Од вчера „Сејф Сити“ почна да…
Системот „Безбеден град“ од вчера почнал автоматски…
Пожарот кај Тетово започна од детска игра,…
Претпладнево избувна пожар над православните гробишта во…
Татјана Ким е најбогатата Русинка петти пат…
Основачката на компанијата Wildberries и менаџерка на…
Само еден бесплатен влез во 24 часа…
Од 1 септември стапуваат во сила нови…
Грција ќе распореди база за дронови на…
Турските власти се загрижени поради извештаите дека…