Објавено на:

ТОЈ Е ДЕСЕТИОТ РУСКИ ТАЈКУН КОЈ ЗАГИНАЛ ПОД МИСТЕРИОЗНИ ОКОЛНОСТИ – кога ќе дознаете што му се случило сè ќе ви стане јасно 

t

Поранешниот премиер на Дагестан, Магомед Абдулаев загинал во сообраќајна несреќа во Махачкала додека поминувал улица надвор од обележаниот пешачки премин.

Тој бил прегазен од Лада нива, а возилото било управувано од 55-годишен маж. Тој веднаш бил пренесен во болница, каде и починал.

Неговата смрт следи по низата смртни случаи на истакнати руски богаташи и функционери кои умреле под мистериозни околности од почетокот на инвазијата на Украина. Абдулаев инаку беше близок со поранешниот руски претседател и премиер Димитри Медведев, а беше и жесток поборник на војната во Украина.

Абдулаев беше премиер на Дагестан од 2010 до 2013 година. Против него во 2015 година беше поведена кривична постапка за злоупотреба на службената положба. Според истражителите, тој го оштетил Универзитетот за повеќе од 20 милиони рубли, наменети за исплата на паушали студентите. Истрагата беше завршена во 2017 година, но немаше судење.

Откако Русија ја нападна Украина, 10 руски олигарси и луѓе, поврзани со режимот на рускиот претседател Владимир Путин, загинаа под необјаснети околности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…