Трагична сообраќајка во Гевгелија – Возач починал на лице место

t

На 10.02.2022 во 20.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински пат“ во Гевгелија, патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Гевгелија, изгубило контрола и удрило во паркирано патничко возило „фолксваген поло“, кое од ударот се придвижило и удрило во друго паркирано „опел вектра“, двете со гевгелиски регистарски ознаки, информира МВР.

На местото на несреќата починал возачот С.С.. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.


Увид извршиле екипа од ОВР Гевгелија и Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиен Авганистанец во Гевгелија

МВР информира дека 24-годишен авганистански државјанин бил…

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога

На 12.05.2022 во 15.15 часот полициски службеници…

ПОВРЕДЕН РУДАР СВЕДОЧИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО СОКОБАЊА:…

Директорот на Општата болница во Алексинац, д-р…

ОСУММИНА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУДНИКОТ КАЈ…

Осуммина рудари загинаа во експлозија на метан…