Објавено на:

Траги-комедија: Малолетници се одговорни за лажните дојави за бомби низ Црна Гора

t

Црногорската полиција денеска соопшти дека во два одвоени случаи идентификувала двајца малолетници кои претходно се заканувале дека ќе активираат експлозивни направи во основните училишта во Улцињ и Бар.

Според Полициската управа, идентификуваниот малолетник на 21 април на блог објавил закана по безбедноста на децата и вработените во ОУ „Маршал Тито“ во Улцињ, а против тоа лице е поднесена кривична пријава до Државниот обвинител при Специјалното Државното обвинителство.

Полицијата го идентификувала и лицето кое на 27 април испратило е-пошта со пријава за поставена бомба на адресата на Основното училиште „Мркојевиќи“ во Бар, а против неа е поднесена кривична пријава, пренесува Вијести.

Од УП наведуваат дека и во двата случаи се работи за малолетни лица.

Според УП, полицијата претходно била информирана од НЦБ Интерпол Вашингтон дека непознато лице на блог-страницата на Гугл изјавило дека се, како што велат, „неонацисти и дека планираат да извршат масовно пукање во основно училиште, со покана да им се придружиме на локалните нацисти“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојави за бомби во училишта во Белград

Утрово нови анонимни извештаи за поставени бомби…

Закани за поставени бомби на повеќе локации…

Операторот на возот на берлинската железница во…

Повторно дојави за бомби во Србија!

На повеќе од 10 локации во Крагуевац…

Загреб на нозе: Дојави за поставени бомби…

Полициски службеници од Загреб извршија увид во…

Дојави за бомби на неколку локации низ…

Повеќе дојави за бомби низ Србија денеска.…