Трамп вети одмазда против ИСИС по смртта на американски војници во Сирија
Американскиот претседател Доналд Трамп вети „многу сериозен“ одговор на ИСИС по смртта на американските војници во напад во Сирија. Пентагон соопшти дека двајца американски војници и еден цивилен преведувач се убиени за време на операцијата против ИСИС во сирискиот град Палмира, додека тројца други се ранети.
„Ова беше напад на ИСИС врз САД и Сирија во многу опасна област на Сирија која не е целосно под контрола на сириската влада. Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара е исклучително лут и загрижен поради овој напад. Ќе следи многу сериозна одмазда“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
САД имаат стотици војници распоредени во источна Сирија како дел од коалицијата што се бори против Исламска држава. Иако Исламска држава беше поразена во Сирија во 2019 година, нејзините таканаречени „спијачки ќелии“ продолжуваат да извршуваат напади. Минатиот месец, Сирија се приклучи на меѓународната коалиција што се бори против Исламска држава, додека Дамаск ги подобри своите односи со западните земји по падот на претседателот Башар ал-Асад минатата година кога бунтовниците ја презедоа неговата позиција во Дамаск. САД немаа дипломатски односи со Сирија, но односите се подобрија по падот на петдецениското владеење на семејството Асад. Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара минатиот месец оствари историска посета на Вашингтон, каде што се сретна со претседателот Доналд Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп вети одмазда против ИСИС по смртта…
Американскиот претседател Доналд Трамп вети „многу сериозен“…
Двајца американски војници и преведувач загинаа откако…
Двајца припадници на американските сили и еден…
Лукашенко помилува 123 лица, а САД ги…
Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 123 лица…
Виткоф викендов во Берлин на разговори за…
Американскиот пратеник Виткоф викендов на средби со…
Курти: Косово ги прифаќа мигрантите депортирани од…
Косово почна да прифаќа мигранти што Соединетите…