Курти: Косово ги прифаќа мигрантите депортирани од САД
Косово почна да прифаќа мигранти што Соединетите Држави сакаат да ги депортираат, според договорот со администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави премиерот Албин Курти.
„Ги прифаќаме оние што САД не ги сакаат на своја територија“, потврди Курти во телевизиско интервју доцна во четвртокот, додавајќи дека еден или двајца од мигрантите пристигнале во државата.
Според договорот постигнат во јуни, Косово може да прифати до 50 лица, соопшти владата на Курти. Договорот треба да трае една година.
Како што тогаш соопшти косовската влада, „Косово сака преку договорот да ја изрази својата „вечна благодарност“ за поддршката на САД откако се отцепи од Србија во 2008 година“.
Курти дојде на власт во февруари, но неговата влада оттогаш падна, а нови избори ќе се одржат на 28 декември.
Во последно време, САД ја критикуваа партијата на Курти, обвинувајќи ја за „поткопување на стабилноста“ на Косово со тоа што спречи српска политичка партија да се кандидира на декемвриските избори.
Косово, исто така, ратификуваше договор со Данска за сместување на странски затвореници осудени во земјата, кои ќе можат да ги издржуваат казни во затвор во Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…