Објавено на:

Трамп го поддржа Орбан: „Тој е извонреден лидер кој се грижи за безбедноста на зeмјата и народот“

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан во пресрет на парламентарните избори во Унгарија, кои се планирани за пролет.
Трамп му даде целосна поддршка на Орбан и во изјавата по тој повод рече:
„Виктор Орбан искрено ја сака својата земја и сака безбедност за својот народ. Тој направи одлична работа во заштитата на Унгаријa. Ја запре илегалната миграција, отвори работни места, ја подобри трговијата и треба да продолжи да ја работи својата работа по претстојните избори. Тој е силен лидер и сите го почитуваат. Ја има мојата поддршка за реизбор за премиер“, изјави Доналд Трамп, пишуваат американските медиуми, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста…

Унгарската полиција денес објави дека ја забрани…

Сијарто му ја плесна вистината во очи…

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска…

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Бугарија и Унгарија го потврдија своето стратешко…

Бугарија и Унгарија се согласија да ги…