Објавено на:

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, градоначалникот ветува дека ќе се одржи

t

Унгарската полиција денес објави дека ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, која беше планирана за 28 јуни, пренесува Си-Ен-Ен.

Во полициското соопштение се нагласува дека „не може да се исклучи, а можеби и неизбежно, лице под 18 години да може да учествува во активности забранети со закон“, додавајќи дека маршот може да доведе до „пасивни жртви“ – луѓе кои не сакале да бидат дел од собирот, но ќе бидат принудени да бидат набљудувачи поради јавната природа на настанот.

Сепак, градоначалникот на Будимпешта им пркоси на полициските најави.

„Градското собрание на Будимпешта ќе го организира маршот на Прајдот во Будимпешта како локален настан на 28 јуни, точка“, вети градоначалникот.

Претходно, градот Будимпешта објави дека дефинитивно ќе ја организира традиционалната Парада на гордоста како официјален градски настан за прослава на слободата, што беше обид да се заобиколи законот што ѝ дозволува на полицијата да забрани вакви настани.

Годишниот марш на Прајдот е под знак прашалник откако Орбан објави во февруари дека нема да се одржи оваа година, а потоа беше донесен закон со кој се ограничуваат собирите доколку ги прекршат законите за заштита на децата за јавно промовирање на хомосексуалноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…

Унгарија објави дел од достапните податоци од…

Унгарија најави откажување од руските енергенси до…

Унгарија планира да се откаже од руските…

Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…

Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…

Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…

Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…

Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…