Трамп го претстави „Одборот за мир“, меѓу земјите основачи се и Бугарија и Косово
Доналд Трамп го претстави својот Одбор за мир, кој првично требаше да се фокусира на Газа, но тој кажа дека би можел да има поширока улога и да решава конфликти низ светот, пренесува CBS News.
„Откако Одборот целосно ќе се формира, ќе можеме да правиме што сакаме. И ќе го правиме тоа во согласност со Обединетите нации“, рече американскиот претседател.
Трамп, кој ќе претседава со Одборот, покани десетици светски лидери да се приклучат. Освен САД, ниедна друга постојана членка на Советот за безбедност на ОН досега не одговорила позитивно. Русија кажа дека го проучува предлогот, Франција и Велика Британија одбија да учествуваат, а од Кина засега нема никаков одговор.
Место нив, Трамп како основачки членови ги претстави Индонезија, Унгарија, Аргентина, Парагвај, Катар, Пакистан, Косово, Ерменија, Турција, Азербејџан, Мароко, Саудиска Арабија и Бугарија, откако поканата била испратена до 60-ина држави.
„Овој Одбор има потенцијал да биде едно од најзначајните тела некогаш создадени и почестен сум што сум претседател. Функционира прекрасно, речиси секоја земја сака да биде дел од него“, рече Трамп.
Фалејќи ги своите активности на меѓународната сцена, Трамп кажа дека заканите за Европа, Америка и Блиски Исток се намалуваат.
„Пред само една година светот беше во пламен, иако многумина не го знаеја тоа. Војната во Газа се ближи кон крајот и конфликтот сега се состои од мали пожари кои лесно можат да се изгаснат“, кажа Трамп, признавајќи дека војната во Украина се покажала најтешка за решавање.
Претходно беше најавено дека државите кои сакаат постојано, а не тригодишно членство во Одборот треба да уплатат милијарда долари, што ќе бидат употребени за обнова на Газа. Зетот на Трамп, Џаред Кушнер, ги претстави плановите за „Нова Газа“, тврдејќи дека ќе се развива крајбрежен туризам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп го претстави „Одборот за мир“, меѓу…
Доналд Трамп го претстави својот Одбор за…
РУМЕН РАДЕВ – Лажен херој што нема…
Бугарскиот претседател Румен Радев денес поднесе оставка…
Бугарија ќе оди на нови предвремени парламентарни…
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, откако Алијанса…
Бугарија добива огромна воена база, една од…
Министерот за одбрана на Бугарија, Атанас Запрјанов…
Жељазков го врати мандатот за формирање влада…
Претседателот на Бугарија, Румен Радев го предаде…