Бугарија ќе оди на нови предвремени парламентарни избори
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, откако Алијанса за права и слободи (АПС) веднаш го врати мандатот за формирање влада откако му беше врачен, изјави „Одиме на избори“, пренесува БГНЕС
– Не беше случајно што избрав да го предадам третиот мандат на вашата пратеничка група – наведе Радев, додавајќи дека АПС била подложена на „брутален притисок од членовите и симпатизерите на партијата биле подложени на притисок, разни форми на влијание, неприфатливи за владеењето на правото“.
Радев посочи дека го предава мандатот на АПС како симбол на национално единство и против секој обид на себични политичари да поттикнат меѓуетнички тензии, за кои нема основа во Бугарија и кои им служат само на нивните теснопартиски и, пред сè, лични интереси.
Лидерот на АПС, Хајри Садков истакна дека Парламентот е генетската модификација, која не може да произведе ништо позитивно.
Според него важно е во каква ситуација се наоѓа земјата. Тој истакна дека нивната одговорност кон институцијата, државноста и демократијата е превисока за да си дозволат едноставно да прават експерименти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќучук не знае или намерно шири дезинформации…
Случајот со Ива Михајлова повторно го отвори…
Бугарија испраќа 15 бугарски војници во Турција…
Владата на Румен Радев одобри испраќање до…
Речиси 40 килограми кокаин откриени во камион…
Речиси 40 килограми кокаин откриле царински службеници…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со магнитуда од 2,1 степени…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…