Објавено на:

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе победев во Калифорнија

t

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава за „Фокс“, во која се осврна на резултатите од претседателските избори. Тој го критикуваше, како што рече, наместеното гласање во сојузната држава Калифорнија.

„Тешко е да се победи затоа што изборите се нечесни. Да можеше Исус да се спушти на Земјата и да ги преброи гласовите, јас ќе победев во Калифорнија затоа што одлично поминувам кај Хиспанците“, изјави Трамп.

Тој се осврна и на своите шанси да стане премиер на Израел.

„Во моментов имам 99 проценти поддршка во Израел. Би можел да се кандидирам за премиер, па можеби по ова ќе одам во Израел и ќе се кандидирам за премиер“, порача Трамп, наведувајќи како извор анкета што, како што рече, ја видел утрово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Трамп и Нетанјаху имале „долг и драматичен“…

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер…

САД поднесоа обвинение против екс кубанскиот претседател…

САД поднесоа обвинение против поранешниот кубански претседател…

Поверувала дека е во врска со Барон…

Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…

Рама: ЕУ направи грешка што преговорите со…

Премиерот на Албанија, Еди Рама во интервју…