Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе победев во Калифорнија
Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава за „Фокс“, во која се осврна на резултатите од претседателските избори. Тој го критикуваше, како што рече, наместеното гласање во сојузната држава Калифорнија.
„Тешко е да се победи затоа што изборите се нечесни. Да можеше Исус да се спушти на Земјата и да ги преброи гласовите, јас ќе победев во Калифорнија затоа што одлично поминувам кај Хиспанците“, изјави Трамп.
Тој се осврна и на своите шанси да стане премиер на Израел.
„Во моментов имам 99 проценти поддршка во Израел. Би можел да се кандидирам за премиер, па можеби по ова ќе одам во Израел и ќе се кандидирам за премиер“, порача Трамп, наведувајќи како извор анкета што, како што рече, ја видел утрово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…