Трамп: Иран нè нападна малку, ние возвративме многу силно

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД го нападнале Иран многу силно и дека американските сили се подготвени да извршат уште еден напад кога и да посакаат.

Трамп пред новинарите во Овалната соба рече дека американскиот напад бил извршен откако Иран погодил американски цели во Јордан.

„Тие нè нападнаа малку, без голема штета, но ние синоќа ги нападнавме многу силно. Имаме неверојатна технологија. Никој нема технологија како нашата“, рече Трамп.

Тој додаде дека САД ја отстраниле „целата нова опрема“ што иранските сили се обидувале да ја постават долж Ормускиот Теснец.

„Тоа беше многу тежок напад. Подготвени сме да извршиме уште еден кога и да посакаме“, изјави Трамп.

Според него, обновената американска воена кампања против Иран нема да трае долго. Тој тврди и дека Иран се обидел да направи ракета за поставување мини, но дека САД ја уништиле.

Трамп рече и дека претстојните конгресни избори во ноември нема да влијаат врз неговата посветеност на војната со Иран.

„Изборите не влијаат врз мене, јас не се кандидирам“, рече тој, додавајќи дека спречувањето на Иран да дојде до нуклеарно оружје останува главен приоритет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Иран нè нападна малку, ние возвративме…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Денес се празнува Светиот апостол Тадеј

Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј…

Метео: Попладне нестабилно со пороен дожд и…

Сончево и топло со мала до умерена…

„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…

Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…