Објавено на:

Трамп му се јави на Путин

t

Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин имале телефонски разговор. Според Вашингтон, комуникацијата меѓу двајцата претседатели поминала во конструктивна атмосфера.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, преку објава на социјалните мрежи информираше дека разговорот бил „позитивен“, без да изнесе дополнителни детали за содржината на темите што биле разгледувани.

Од Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Трамп и Путин планираат нов телефонски разговор „во блиска иднина“, по вчерашната комуникација меѓу двајцата лидери.

Американскиот претседател ги оцени разговорите како продуктивни и најави дека ќе го информира рускиот претседател за исходот од неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која треба да се одржи во Флорида.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп му се јави на Путин

Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател…

Првите фер избори на улиците на Србија:…

Студентите побараа вонредни избори во мај и…

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на…

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха…

МВР со детали: Еве колку лица имало…

Полицијата денеска во 12:45 часот добила пријава…

Габриела Илиевска се врати во Советот, но…

Невообичаена слика денеска во салата на Општина…