Трамп му се јави на Путин
Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин имале телефонски разговор. Според Вашингтон, комуникацијата меѓу двајцата претседатели поминала во конструктивна атмосфера.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, преку објава на социјалните мрежи информираше дека разговорот бил „позитивен“, без да изнесе дополнителни детали за содржината на темите што биле разгледувани.
Од Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Трамп и Путин планираат нов телефонски разговор „во блиска иднина“, по вчерашната комуникација меѓу двајцата лидери.
Американскиот претседател ги оцени разговорите како продуктивни и најави дека ќе го информира рускиот претседател за исходот од неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која треба да се одржи во Флорида.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди на неодамнешни…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…