Трамп не планира да ги враќа парите од царините откако Врховниот суд му ги укина
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД не планираат да им враќаат пари на компаниите за тарифите воведени минатата година врз голем број странски земји, кои беа поништени од Врховниот суд на САД со пресуда донесена во петок.
На прашањето на прес-конференцијата во Белата куќа дали на компаниите ќе им бидат вратени парите поради одлуката на Врховниот суд, Трамп рече дека неговиот тим не планира да ги врати парите.
„Претпоставувам дека ќе мора да го тужат тоа во следните две години. Значи, ја пишуваат оваа ужасна, погрешна одлука, сосема погрешно. Како да не ја напишале паметни луѓе. Ќе завршиме на суд во следните пет години“, рече Трамп. Повратот на средствата е очекуван бидејќи американските увозници, кои плаќале тарифи во текот на изминатата година додека овие тарифни политики биле на сила, веројатно ќе бараат враќање на средствата од Агенцијата за царинска и гранична заштита на САД. Од САД може да се бара да вратат милијарди долари на увозниците кои платиле тарифи според IEEPA, иако некои увозници можеби веќе ги префрлиле трошоците на потрошувачите или на други.
Судот пресуди со шест наспроти три гласови дека Трамп ги пречекорил своите овластувања кога го искористил Законот за федерално управување со вонредни состојби (IEEPA) од 1977 година за да воведе реципрочни царини низ целиот свет. Трамп предупреди дека земјите за кои се верува дека лошо се однесувале кон САД економски ќе „платат цена за лошото однесување кон нас“ на САД. „А земјите што биле добри кон нас ќе бидат третирани многу добро“, додаде Трамп. Тој повтори дека странските интереси влијаеле врз одлуката на Врховниот суд да ги укине царините што тој ги воведе на странските земји во текот на изминатата година. „Мислам дека странските интереси ги претставуваат луѓе за кои верувам дека имаат премногу влијание. Тие имаат големо влијание врз Врховниот суд, без разлика дали е преку страв, почит или пријателство, не знам. Но, познавам некои од луѓето што беа вклучени од другата страна и не ги сакам. Мислам дека се вистинскo ѓубре“, заклучи Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп не планира да ги враќа парите…
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека…
Трамп најави нови глобални царини од 10%
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…
Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп реагираше на одлуката…
Врховниот суд ги поништи царините на Трамп
Врховниот суд на САД во петокот ги…
Муцунски: Многу сме блиску до склучување на…
Македонија е на чекор до склучување на…