Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд за царините
Американскиот претседател, Доналд Трамп реагираше на одлуката на Врховниот суд да ги укине неговите царини, нарекувајќи ја „срамна“, јави Би-Би-Си.
Тој ја даде оваа забелешка додека зборуваше на состанок со државните гувернери рано утрово, изјавил извор за британскиот медиум.
Сè уште нема официјална реакција од Трамп, ниту од претставници на Белата куќа.
Врховниот суд на САД денеска го блокираше Трамп во користењето на законот за вонредни состојби за еднострано воведување сеопфатни царини за повеќето трговски партнери на САД.
Како што јави Фокс Њуз, со ова му е нанесен удар на претседателот „во случај фокусиран на една од неговите клучни економски политики – онаа што тој ја карактеризираше како прашање на ’живот или смрт‘ за американската економија“.
Со одлука од 6 спрема, судиите ги поништија царините на Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…
Мнозинството граѓани во САД и во Канада…