Трамп: Не сакам да убивам луѓе, почнуваме нови преговори со Иран
Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе почне нови преговори со Иран, и дека ги откажал планираните масовни напади врз земјата, пренесува Би-Би-Си. Тој не откри каде ќе се одржат разговорите ниту кој ќе учествува во нив.
Тој на социјалната мрежа „Трут соушал“ објави дека Иран и американските сојузници на Блискиот Исток побарале да се одложи нападот бидејќи постои можност за договор. Подоцна изјави дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, како и партнерите од Обединетите Арапски Емирати и Катар, побарале САД да не напаѓаат во текот на викендот.
-Сè беше подготвено. Побараа одложување затоа што мислат дека договор е можен. Постои договор околу Хормуз, а ќе има и за нуклеарната програма. Не сакам да убивам луѓе, рече Трамп.
Иран засега официјално не одговори на неговите изјави.
По изјавата на Трамп, цените на нафтата паднаа на азиските пазари. Суровата нафта „брент“ поевтини за 4,5 проценти, а американската сурова нафта за 4,6 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран само во септември заработил повеќе од…
Приходите на Иран од продажба на нафта…
Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…
Трамп: Дел од медиумите се закана за…
Американскиот претседател Доналд Трамп обвини некои медиуми…
Дојче Веле: Антимон, дата-центри и гасовод –…
Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна…
Мицкоски на средба со македонската заедница во…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, придружуван од…