Трамп пред големо враќање: Последните анкети велат дека би „ги збришал“ Бајден и Харис
Доналд Трамп би ги победил и претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис доколку изборите во 2024 година се одржат денеска, покажува најновата објавена анкета.
Поранешниот републикански претседател води против Бајден со шест поени разлика во најновото истражување на Харвард КАПС-Херис, што е уште една страшна анкета за Белата куќа, која е зафатена од пад на рејтингот и повеќекратни кризи, пишува „Дејли мејл“.
Четириесет и седум отсто од анкетираните би го поддржале Трамп во 2024 година, во споредба со 41 отсто на оние кои го поддржуваат Бајден. Дванаесет отсто рекле дека се неопределени.
На Харис и оди уште полошо од нејзиниот шеф. Таа заостанува зад Трамп за 11 процентни поени.
Потпретседателката би добила 38 отсто од хипотетичките гласови, додека Трамп има 49 отсто – два поени повеќе отколку што би постигнал против Бајден.
Додека Бајден веќе ја објави својата намера да се кандидира за втор мандат, Трамп во неколку наврати ја најавуваше кандидатурата за 2024 година, но се уште не кажал со сигурност дали ќе почне трета претседателска кампања.
Кога Бајден ја избра Харис за своја потпретседателка, создавајќи историја, се сметаше дека таа ќе го заземе неговото место. Но, нејзината длабока непопуларност, која е дури и поголема од онаа на Бајден, ги загрижува левичарските оперативци за тоа кого ќе го кандидираат во следниот круг на претседателските избори.
Можеби е добра вест за Харис, што таа е прва во хипотетички дуел против гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис. Гувернерот на Републиканската партија постигна 38 отсто поддршка во истражувањето на Харвард, додека Харис има подобар резултат со 40 отсто.
Поранешниот републиканец од Претставничкиот дом, кој беше избран да ја води „сончевата држава“ со поддршка на Трамп, беше ѕвезда во подем во рамките на Републиканската партија, особено поради неговите гласни критики за администрацијата на Бајден и отпорот кон нејзините насоки за јавното здравје во време на короната.
Тој е втор зад Трамп во повеќе анкети на Републиканската партија во 2024 година, иако поранешниот претседател сè уште се смета за омилен кандидат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за…
Ахмети за Груби: Не избега, ќе се…
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али…
Јован Деспотовски: Со сопствен пример ќе докажам…
Поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, вели…
ОЈО ГОКК ќе ја испитува секоја индиција…
Во рамките на предметот под кодно име…
Ким Јонг Ун им забранил на жените…
Каков е животот во Северна Кореја, ќе…