Објавено на:

Трамп: Сакам кај нас да доаѓаат имигранти од „фините“ земји, а не од „катастрофалните“

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за време на донаторска вечер викендов во Палм бич, Флорида, им кажал на поддржувачите и финансиерите на неговата кампања дека тој очекува САД да примаат имигранти „од фини земји“, а не од „неверојатни места и земји“.

Според учесник на средбата, на половина пат од својот говор Трамп повторил една од неговите познати тиради против имигрантите кои влегуваат во САД, а во време кога администрацијата на претседателот Џо Бајден се бори со разгорената криза со нелегална имиграција на јужната граница, јави денеска „Њујорк тајмс“.

-Ова се луѓе кои доаѓаат од затвори и притвори. Тие доаѓаат од неверојатни места и земји, катастрофални земји, изјавил Трамп пред своите гости.

Потоа укажал дека сака имигранти од „фини“ земји.

-A зошто да не дозволиме кај нас да доаѓаат луѓе од фините земји, јас се обидувам да бидам фин, рекол Трамп при што присутните се насмеале. „Фините земји, знаете како Данска, Швајцарија? Дали има луѓе кои доаѓаат од Данска? Или Швајцарија, можеби од Норвешка“? Тој потоа се запрашал зошто да доаѓаат луѓе од Јемен „каде се разнесуваат еден со друг насекаде“.

За тоа што го кажал рекол дека ќе биде критикуван дека “кажав нешто лошо, но сметав дека е добро“.

Кога беше претседател, Трамп стана познат по коментар даден во неговиот нкабинет во Белата куќа. На средба со законодавци, на која тема беше имиграцијата, земјите како Хаити и некои нации во Африка ги опиша со уличарски сленг како „земји нужници“ (shithole countries).

За ова тој беше жестоко искритикуван од многу африкански земји, некои испратија и протесна нота до САД, а низа организации за заштита на човековите права рекоа дека изјавата била расистичка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик: Усвојувањето на резолуцијата за Сребреница ќе…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави…

Касами нема да ја послуша Владата: Продолжува…

Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите…

Маск подготвен да биде домаќин на изборната…

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск денеска…

Русија предлага да се ревидира државната граница…

Министерството за одбрана на Русија предложи ревизија…

ДИК: До 9 часот излезноста изнесува 7.22%

Денес, во 7 часот наутро, започна прегласувањето…