Трамп сака да им го скрати престојот за странските студенти и новинари во САД
Администрација на претседателот Доналд Трамп одлучи да го скрати престојот на странските студенти и новинари во САД, покажува владин документ што денеска беше објавен, како нов чекор во нејзината многу рестриктивна имиграциска политика, пренесува Ројтерс.
Според новите правила, кои треба да стапат на сила во рок од два месеци доколку бидат одобрени од Конгресот, на странските државјани кои имаат студентски визи нема да им биде дозволено да останат на американска почва повеќе од четири години.
Регулативите им забрануваат на студентите на постдипломски студии во кој било момент да ги менуваат своите „образовни цели“ или да се префрлаат на друг универзитет без одобрение. Тие го преполовуваат времето што студентите го имаат за да ги напуштат САД по завршувањето на студиите или обуката – од 60 на 30 дена.
„Повеќето Американци ја разбираат вредноста на прифаќањето странски студенти и отстранувањето на непотребната бирократија. Ова правило би го направило спротивното“, изјави Даг Ранд, поранешен претставник на Министерството за внатрешна безбедност.
За странските новинари, нивниот престој ќе биде скратен на максимум 240 дена, или околу осум месеци, со можност за поднесување барање за продолжување за периоди со исто времетраење.
За кинеските новинари ќе важи особено рестриктивна рамка, така што нивните визи ќе бидат ограничени само на 90 дена.
Досега САД им издаваа визи на студентите за времетраењето на нивните студии, а на новинарите до пет години.
Новата мерка, која владата ја предложи минатата година, ќе влијае на новинарите акредитирани од стотици странски медиуми во САД.
Бројни меѓународни медиуми предупредија во отворено писмо дека оваа одлука ќе „го намали обемот и квалитетот на известувањето“ за актуелните настани во САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сака да им го скрати престојот…
Администрација на претседателот Доналд Трамп одлучи да…
САД одобрија продажба на оружени системи за…
Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на…
ЕУ бара САД да ослободат од царина…
Европската унија побара од Соединетите Американски Држави…
Американските сили повторно го нападнаа иранскиот остров…
Иранската новинска агенција Фарс јави дека попладнево…
Техеран: „Пламенот на војната ќе го зафати…
Централната команда на Хатам ал-Анбија на иранската…